![linija-za-poddrska-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/linija-za-poddrska-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Во време на пандемија, психо-социјалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите. Во таа насока Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија воспоставија линија за помош на деца, млади и родители, соопшти Министерството за образование.
– Телефонскиот број 072 912 676 е достапен секој ден од 9 до 19 часот и на истиот, секое лице од посочените групи може да се обрати, да постави прашања и да добие стручни одговори за сегашната состојба и вирусот, како и совети за успешно справување со одредени предизвици и ситуации кои создаваат чувство на збунетост и вознемиреност – велат од МОН.