Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со неговиот американски колега Доналд Трамп, јави агенцијата Анадолија.
Според соопштение од Кабинетот на турскиот претседател, главни теми во разговорот биле билатералните односи и последните случувања во Сирија.
Ердоган и Трамп се согласиле да продолжи соработката со цел заштита на цивилите и спречување нови хуманитарни кризи во Идлиб, каде сириските власти продолжуваат со напади.
Во соопштението се наведува дека Ердоган изразил задоволство за чекорите кои се преземени во врска со Иран на самитот на Г7, како и за именувањето на Дејвид Сатерфилд за амбасадор на САД во Турција.
Двајцата претседатели повторно ја потврдија решителноста да го зголемат обемот на трговската размена на 100 милијарди долари, информира Анадолија.