Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, при што се разговараше за актуелните политички и општествени случувања во земјава, како и исполнувањето на стратешките приоритети, информираат од партијата.
-Во разговорот беше потврдено стратешкото пријателство со САД, и посветеноста во исполнување на агендата поврзана со НАТО Алијансата и исполнување на потребните демократски вредности.
Од страна на претседателот Мицкоски беше истакната потребата за почитување на принципите за владеење на правото и правната држава, како и неопходноста од реформи кои ќе значат одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Воедно беше истакната потребата од дијалог на највисоко ниво за клучните прашања важни за граѓаните и заедничкиот напредок.
Во разговорот од страна на Мицкоски беше посочено дека потребни се квалитетни решенија за престојниот попис на населението, како и конечен договор со источниот сосед, кој нема да опфати било какви национални и идентитетски отстапки, а нашиот источен сосед ќе подржи одржување на меѓувладина конференција, без дополнителни условувања, а билатералните прашања да се решаваат надвор од процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, дтои во партиското соопштение.
За телефонскиот разговор со Палмер информираше и Мицкоски на Фејсбук.