(ФОТО) Телефонскиот број на Цукерберг објавен на интернет по хакирањето на милионите лични податоци

Телефонскиот број на основачот на најголемата социјална мрежа на светот Facebook, Марк Цукерберг, е објавен на интернет заедно со личните податоци на уште 533 милиони кориснници на платформата, пишува во неделата весникот The New York Post.

Претходно Business Insider објави дека личните податоци и телефонските броеви на 533 милиони корисници на Facebook од 106 земји биле слободно достапни на интернет. Според изданието, оваа информација била објавенина на хакерски форми, па затао е станала бесплатно достапна „секому кој има основни вештини за манипулација со податоци“.

Меѓу другото, на интернет се најдоа личните податоци на повеќе од 32 милиони корисници од САД, над 28 милиони од Саудиска Арабија, и 10 милиони од Русија. Податоците вклучуваат целосно имиња, локации, датумите на раѓањето и други информации кои корисниците ги поставиле.

Според весникот, протекувањето на личните податоци на Цукерберг го забележал еден од корисниците на Twitter. Тој на својот акаунт објавил скриншот од форумот кој ги содржи личните податоци на основачот на Facebook.

„Што се однесува до хакирањето на податоците за 553 милиони луѓе, иронијата е во тоа што, за жал, меѓу нив е и Марк Цукерберг. Бидејжи новинарите е можат да добијат изјава од Facebook, можеби треба да го повикаат бројот кој се појави на мрежата“, пишува весникот.