Телеграма со сочувство од Заев за трагичниот настан во Тексас

Премиерот Зоран Заев испрати телеграма со сочувство до Амбасадата на САД во Македонија по повод трагичниот настан во Садрленд Спрингс, во Тексас, соопшти вечерва владината прес-служба.

– Длабоко не погоди безумниот чин за време на верска служба во Садрленд Спрингс, во државата Тексас.  Дозволете ми во мое име, и во името на Владата на Република Македонија, да изразам најискрено сочувство со семејствата на жртвите и со американскиот народ за трагедијата, наведува Заев во телеграмата.