Путин и Ердоган телефонски разговарале за ситуацијата во Сирија и снабдувањето со жито.
Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска разговараа за ситуацијата во Сирија и прашањето за снабдување со жито, соопшти кабинетот на турскиот лидер.
Како што е соопштено, двајцата лидери телефонски разговарале за ситуацијата во Сирија, за украинско-руската војна и за создавање безбедни коридори во Црното Море за извоз на жито, пренесува РИА Новости.