Кога рано утрото на 7-ми мај Папата Франциск слета на скопскиот аеродром целата држава беше на нозе, се функционираше како под конец. Освен основниот радарски систем на скопскиот аеродром, објавува телевизија Телма.
Како што добро информирани извори тврдат за Телма, во април и во мај оваа година основниот радар на скопскиот аеродром не функционирал, и тогаш навигациските служби работеле според бекап, народски кажано резервни процедури и со полуисправен радар.
-Во скопската кула на летање може да се потпрат само на еден исправен радар што контролира и полетување и и слетување, и контролорите многу често се потпираат на радарот на кулата кој е најстар и веќе треба да се расходува. Причината е поради тоа што во Македонија има стара опрема која под итно треба да се замени, но тоа не се случува поради игрите околу кредитот на ЕБРД за таа цел. Само еден ден по посетата на папата, на југот на државата за малку можело да дојде до судар на два авиони кои лошо биле насочувани. Пилотите ја избегнале колизијата откако свртиле од рутата. Најсериозниот инцидент сепак се случил на охридската контрола на летање лани во септември. Тогаш требало де се тестира системот во рамки на проект исто така на ЕБРД за надградба на охридскиот радар, објавува Телма.
Целата анализа прочитајте ја на ТЕЛМА.