Тело на Србин извлечено од водите на морето во Грција

Државјанин на Србија (68) загинал вчера кога бил извлечен од морето на плажата кај Аспровалта.

Спасувачите од плажата и лекарите направиле обид за реанимација на лице место, по што мажот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во општата болница во Солун, каде била констатирана смрт, пишува „Блиц“.

Грчките медиуми не наведуваат дека било подигнато црвено знаме, па не е појаснето дали причината за смртта е последица на разбрануваното море, додава српскиот весник.