Од извршениот увид на местото на настанот било констатирано дека почината е Т.В. (84), која имала видливи рани и во пределот на рацете, нозете и лицето, најверојатно од гризење од непознат глодар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција и утврдување на причините за смртта.