Тело на починат маж е најдено во близина на регионалниот пат што води од Маврово кон Дебар. Засега не се познати идентитетот и причината за смртта.
Според првичните информации, телото кога било откриено се наоѓало во фаза на распаѓање.
Од СВР Тетово информираат дека по пријавата во вторникот, околу 15:40 часот, полициски службеници излегле на терен. Во месноста „Жировничко анче“ во близина на регионален пат Дебар – Маврово бил пронајден човечки труп.
По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар и телото било дадено на обдукција. Идентитетот на лицето и причините кои довеле до смртта ќе се утврдат по извршената обдукција.