Телоска: СДСМ сé уште не се извинува за навредите кон Турција и турскиот народ

Не се огласија со извинувања, ниту Владата, ниту заменик министеот Јани Макрадули од редовите на СДСМ, кој поддржува навреди упатени кон Турција и турскиот народ на социјалните мрежи, посочи во поетокот Нермин Телоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„И ова не е првпат, речиси една година од обидот за државен удар во Турција кога дел од турската војска сакаше легално избраната власт да ја сруши. Се случи тој немил настан во кој згаснаа 290 човечки животи. И повеќе од 1.400 луѓе беа повредени“, рече Телоска.

Додаде дека станува збор за голема „неморалност“ и „неодговорност“ алудирајќи на своевремено објавениот пост на социјалните мрежи со фотоградија од неуспешниот обид за воен преврат од ноќта на 15 јули 2016 година, проследен со коментарот дека се посакува тоа да се случи и во Македонија.

„Ова го правеа луѓето, структурите од СДСМ. Луѓе како Ивор Мицковски, како Лидија Димовска и многу други. СДСМ заборава, Турција е пријателска земја, таа го почитува нашиот суверенитет и го признава идентитетот на македонскиот народ“, порача Телоска.