Граѓаните кои што гласаа за партија која велеше дека ќе направи Влада која ќе го донесе животот во Македонија, сигурна сум дека тие не веруваа на вакви постапки и ги прашувам дали ова е грижа за семејство и деца? Дали ова е Влада за живот која што крати од средства кои требаше да бидат наменети за нашите деца, изјави Нермин Телоска на денешната Панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ – Негрижата на СДСМ удира по децата и пензионерите.
-Од аспект на стручност велам дека градинката нема само згрижувачка улога во денешно време кога зборуваме дека ние како партија се залагаме за многудетни семејства, но исто така и за недискриминација на жената и за нејзина успешна кариера бидејќи таа е способна на истите позиции каде што стои маж да стои и таа и таа нејзина улога за не само згрижување на децата, нивно воспитување и нивна едукација, децата во градинката стекнуваат вештини и знаења и тие развиваат емоции кои што не можат да се развиваат во семејството и за мене од стручен аспект градинката е место каде што се откриваат пречките на развој како и на говор кои што обично не би можеле да се откријат во семејството, вели Телоска.
Таа истакна и дека граѓаните мора да знаат за оваа Влада која се сметаше за живот во Македонија, а во првиот свој чекор носи намалување на градинките.
-Луѓето се во хаос, се прашуваат дали сега нашата градинка? Тие што се од општина Ѓорче Петров, Прилеп, Свети Николе, Кавадарци се прашуваат дали нивните градинки нема да бидат изградени заради кратење на овие средства и ова е за мене страшно и во време сме кога расте рапиден број на дечиња кои што имаат потреба на згрижување и имаат потреба и од стручна помош од лица кои што во градинките ќе осетат дали детето има некаков проблем и на време да се откријат сите проблеми за да може да се третираат истите, потенцираше Телоска.
Таа вели и дека не може да ја сфати постапката децата да останат на улица и да нема кој да ги згрижи и дека ова е голема негрижа од новата Влада.