Украинската полиција го пронашла телото на исчезнатиот британски платеник 36-годишиот Даниел Бурк во канализациски одвод на полигон во јужната област Запорожје, наводно застрелан од друг странски наемник кој се борел на страната на украинските сили, пишува англискиот весник The Sun цитирајќи го таткото на загинатиот борец.
„Резултатите од ДНК тестот на Даниел се позитивни“, го цитира весникот таткото, 62-годишниот Кевин Бурк од Манчестер, пет седмици откако на украинското боиште исчезнал неговиот син.
Во август весникот The Telegraph објави дека таткот на Бурк побарал од лондонската полиција да го истражи исчезнувањето на неговиот син во Украина.
Тогаш британските медиуми пишуваа дека припадникот на британските елитни падобрански единици Даниел Бурк, кој се борел на страната на Киев, подоцна наводно се ангажирал како спасувачи на линијата на фронтот, исчезнал во Украина.
Во текстот на The Sun се наведува дека во пронаоѓањето на телото во одводната канализација помогнал австралиско-алжирскиот платеник Абделфетах Нурин, кој наводно на полицијата ѝ изјавил дека по грешка стрелал во Бурк. Претходно на полицијата ѝ кажал дека пред да исчезне Британецот бил заедно со него на полигонот, но оти си заминал сам.
Меѓутоа, подоцна во преписката во којашто увид имал The Sun, на прашањето кој го убил Бурк, Нурин рекол „Очигледно јас, но тоа не беше намерно убиство“. Одговарајќи зошто претходно рекол дека Бурк го напуштил стрелиштето без него, Абделфетах рекол дека не знаел што да прави откако убил некого.
Според The Sun, украинската полиција одбила да потврди дало Абделфетах ја напуштил земјата. Австралиско-алжирскиот платеник, пак, не одговорил на барањето на весникот за коментар.
Изминатите денови весникот пишуваше дека друг британски наемник во редовите на украинската војска Џордан Чедвик, чиешто тело било најдено во езерце Украина со врзани раце, најверојатно измачуван и убиен од друг странски платеник.
Според медиумсите наводи Даниел Бурк, роден во Манчестер, служел во падобранскиот полк во британската армија, со кој бил распореден и на боиштето во Авганистан. Потоа работел како градежник, но заминал во Сирија каде им се придружил на курдските борци во борбите против Исламската држава. По враќањето во татковината, Бурк бил обвинет дека им помагал на силите на сириските Курди – Единиците за заштита на народот (YPG) во планирање терористички напади против Турција и минал седум месеци во притвор, а на крајот случајот против него бил отфрлен.
Во 2022 година дошил во Украина каде ја организирал сопствената единици „Темни ангели“, но потоа престанал да учествува во борбените дејствија и наводно почнал да помага во евакуација од зоните на фронтот. Брук живеел во стан во градот Запорожје во истоимената област, кој е под контрола на Украина.