Од секогаш има едно потценување кон жителите во Пустец од една политичка структура овде во Македонија.
Ова го истакна единствениот македонски градоначалник во Албанија Едмонд Темелко кој беше гостин во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ.
И во право се жителите на Пустец што реагираат. Има една структура овде во Македонија, кај нас ги викаат умбендисани и си мислат дека многу знаат и дека се многу интелегентни и дека овие од Пустец иако сме од исти род, иста нација, сме прости и гледаат како со потценување.
Но тоа не е така, вели Темелко и додава дека луѓето од Пустец се образовани.
Од транзицијата има веќе 20 години и луѓето си работат, си спечалија многу жители од општина Пустец, многумина имаат станови и куќи низ Македонија со чесно заработени пари и тоа не значи сега дека ако некој Македонец заработил пари и купил некој имот во Македонија регуларно дека тој е нечесник или пак да му смета некому. Зошто да му смета? Мене не ми е јасно. И тоа конкретно од една политичка структура. Има реакции од луѓето дека ги навредуваат оти се глупави. Но, ние сме образовани, ја пратиме и политиката и знаеме што е како е, додава градоначалникот на Пустец.