Темната страна на новогодишната ноќ, жртви на пиротехниката во Европа

Едно лице го загуби животот во Италија, а уште едно во Франција, и повредени се стотици други од петардите чијашто забрана сѐ погласно се заговара, а Германците ги потресе смртта на 30 мајмуни во зоолошка градина во пожар предизвикан од употребата на летечки лампиони.

 

Италија

Во Италија традиционалните славења со огромна употреба на пиротехника која годинава беше забранета во големите градови, резултираше со смртта на 27-годишник, прва жртва по шест години, а 204 лица се повредени, од кои 11 тешко од експлозии на петарди проследени со ампутации, соопшти министерството за внатрешни работи.

Младиот маж им подлегнал на повредеите во месото Асколи Пичено во регионот Марче, откако паднал од ѕид висок стотина метри во обид да го изгасне пожарот предизвикан од огномет. Тој е првата жртва од 2013 година, кога две лица загинаа поради употреба на пиротехника.

Тримилионскиот Рим, како и центрите Милано, Торино и Болоња, потполно го забранија користењето на петарди, но и покрај тоа беа запалени контејнери за смет од екслозиите на петардите и огнометите во неколку квартови на италијанската престолнина.

Италијанското министерство за внатрешни работи запленило бројни недозволени пиротехнички средства, меѓу кои 1.415 парчиња огнено оружје, 103.000 парчиња муниција, 682 килограми прашоци и над 73.000 незаконски направи.

 

 

Франција

Триесетгодишник загина во Агино, на североистокот од Франција, од последиците од експлозијата на пиротехничко средство познато како „топовски удар“, објави префектурата на департманот Долна Рајна.

Низ земјата од експлозии на петарди се повредени 50 лица, главно на рацете и очите, 20 се малолетни лица, а најмладото, како и во Италија, има само четири години, соопшти полицијата.

Во францускиот департман Алзас Новата година се слави со мноштво петарди, коишто се купуваат во соседна Германија каде што законот за користење на притотехнички средства е полиберален.

 

 

Германија

Меѓутоа, повеќе од 50 отсто од Германците се изјаснија за забрана на петардите во новогодишната ноќ, според анкетите кои беа објавени пред празниците.

Организациите за заштита на природната средина со години апелираат до граѓаните да се воздржат од купување на пиротехнички средства поради големото количество од штетни микрочестички, а на самата Нова година полемиката доби нов потстрек по смртта на 30 мајмуни во пожарот во зоолошката градина Крефелд во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија.

Мношто луѓе во средата, многумина од нив со солзи, носеа кадифени играчки пред зоолошката градина поставувајќи го прашањето „Зошто?“ или „Мртви поради новогодишниот хир“. Зоолошката градина во Крефелд, во која има околу илјада животни, секоја година ја посетуваат повеќе од 400.00 луѓе.

Според првите елементи од истрагата, пожарот го предизвикале конеските летачки лантерни, иако во Северна Рајна Вестфалија се забранети од 2009 година. Три такви лантерни со најдобри желби испишани со рака се пронајдени во урнатините на живеалиштата на мајмуните. Полицијата ја отвори истрагата и се надева дека ќе утврди од каде биле лансирани.

Германското здружение за заштита на животните веднаш побара забрана на огнометите во близината на зоолошките градини и животинските фарми. „Пожарот е ужасен доказ на драматичните последици по животните, а кои се можни поради неконтролирани прослави“, објави здружението.

Само во Берлин итните служби регистрирале 22 повреди здобиени на рацете од употреба на пиротехниката, од кои две завршиле со ампутација.

Метеоролошките служби во новогодишната ноќ забележале највисок степен на загаденост со микрочестички. Огнометите ослободуваат 5.000 тоини штетни микрочестички, а тоа е речиси колку два месеца загадување предизвикано со издувните гасови од возилата на патиштата, истакнува сојузната агенција за природна средина UBA.

Овие микрочестички се штетни за здравјето на луѓето и животните, па многу германски градови веќе воведао забрана или ограничување за употребата на петардите. Минатата година во Германија се продадени петарди и други пиротехнички средатва во вредност од 133 милиони евра.