![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ohridsko-ezero.jpg?resize=696%2C468&ssl=1)
Температурите на трите природни езера во земјава и натаму се над просекот за јули. Во Дојранското утрово се измерени 29,7 степени, во Преспанското 25,5, а во Охридското Езеро 26 степени целзиусови.
Во однос на водостоите, според хидролошките мерења на УХМР, Преспанското и Охридското Езеро денеска се за еден сантиметар пониски од вчера, а кај Дојранското нема промени.
Водостоите на реките не бележат големи промени во однос на вчерашниот ден.