Температурата на воздухот над просекот за овој период од годината.

Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, до повремено особено денеска и утре, засилен југоисточен ветер, а температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со почести сончеви периоди на североисток од земјата, ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер најизразен на југозапад и долж Повардарието. Исто така, од понеделник ќе има повремено зголемување на облачноста со појава на краткотраен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи околу седум, а дневната од 18 до 25 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди попладне, а преку денот ветерот од јужен правец ќе засилува. Максималната температурата ќе биде до 24 степени.