![soncevo-640x360](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/soncevo-640x360.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Времето утре ќе биде претежно сончево и топло со умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието, а во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури.
Во Скопје времето денес ќе биде сончево и топло со умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 4 до 25 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст.
Исклучок ќе има во сабота кога ќе биде малку до умерено облачно и повремено ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури.