Температурите уште над 40-ка, попладне локална нестабилност

И во средата ќе продолжи да преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен и дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (UV) ќе биде 9.

Утринските температури се движат од 14 до 21, додека максиималните во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 32 и 41 Целзиусов степен.

И во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 41 степен.