Тен Хаг потрошил над 700 милиони евра за засилувањата на „Олд Трафорд“

Холандскиот фудбалски стручњак Ерик тен Хаг, кој во понеделникот доби отказ од Манчестер Јунајтед, потрошил дури 720 милиони евра на засилувања за време на неговиот мандат на „Олд Трафорд“.

Холанѓанецот ги презеде „Црвените ѓаволи“ во јули 2022 година, а во понеделникот беше отпуштен по поразот од Вест Хем со 1:2.

Манчестер Јунајтед го водеше на 128 натпревари, остваривајќи 78 победи, со 20 нерешени средби и 36 порази. Холанѓанецот го освои Лига купот во 2023 година и ФА Купот минатата сезона. Јунајтед моментално е на 14. место во Премиер лигата, а во Лига Европа по три одиграни кола има три нерешени дуели.

Во текот на неговиот мандат на „Олд Трафорд“, Тен Хег потрошил дури 720 милиони евра на засилувања. Во пет трансфер периоди купи 21 играч.

Најмногу е платен Бразилецот Антони кој беше доведен од Ајакс за 95 милиони евра.

За данскиот напаѓач Расмус Хојлунд, на италијанска Аталанта ѝ се платени 76 милиони евра, плус 10 милиони во бонуси. Бразилецот Касемиро кој пристигна од Реал Мадрид чинеше 70 милиони евра, додека Мејсон Маунт беше ангажиран од Челзи за 71 милион евра.

Следуваат трансферите на Лисандро Мартинез од Ајакс за 68 милиони евра, и Лени Јор од Лил за 62 милиони евра.