Тенис: Тием победи во Бризбејн по прекинот поради отровница на теренот

Поранешниот шампион на Отвореното првенство на САД, Доминик Тием, се врати во мечот и влезе во главниот ждреб на АТП турнирот Бризбејн Интернационал во саботата, но дури откако  натрапник влезе на теренот и накратко ја прекина играта.

Тием го загуби воведниот сет на неговиот квалификациски судир против австралискиот тинејџер Џејмс Мекејб пред гледачите да забележат змија во близина на електричните жици покрај теренот, што ги натера официјалните лица да го повикаат безбедносниот персонал и да го прекинат дуелот.

Професионален фаќач на змии беше повикан за да го фати рептилот од 50 сантиметри, кој локалните медиуми го идентификуваа како смртоносна источна кафена змија, која го прекина мечот 40 минути.

„Навистина сакам животни, особено егзотични“, рече Тием. „Но, тие рекоа дека тоа е навистина отровна змија и дека била блиску до децата, така што тоа е навистина опасна ситуација“, додаде.

„Тоа е нешто што никогаш не ми се случило и е нешто што дефинитивно никогаш нема да го заборавам“, изјави поранешниот светски рекет број три за новинарите по натпреварот.

Тием, кој падна на 98 во светот поради проблемите со повреди, возврати во вториот сет пред да ја запечати победата со 2-6, 7-6(4) и 6-4 за да стигне до главната ждрепка на турнирот на Австралија Опен.

Првиот Грен слем годинава започнува на 14-ти јануари во Мелбурн.

Поранешниот светски рекет број еден, Рафа Надал, ќе му се врати на тенисот на турнирот во Бризбејн в недела, кога ќе игра во двојки заедно со Марк Лопез, со кого се здружи во 2016 година за да го освои златниот олимписки медал.

22-кратниот Гренд слем шампион извлече квалификациски натпревар во жрепката во сингл додека се подготвуваше за првата спрепрека од она што би можело да биде негов проштален турнир, по санирањето на повредата на колкот за која беше потребна операција во јуни.

Наоми Осака, четирикратната победничка од Јапонија, исто така се враќа на тенисот во женската жрепка по нејзината породилна пауза и игра со Тамара Корпатч.