Најдобрите светски тенисери бараат од своето здружените ATP да ги укине бодовите за годинешното издание на турнирот во Вимблдон откако минатиот месец водството на All England Club решија да им го забранат настапот на руските и белоруските тенисери поради руската операција во Украина, објави во средата британскиот дневен весник The Tlegraph.
Таквото решение би можело да биде донесено во следните 24 чласа, а за тоа е потребно просто мнозинство гласови во Управниот одбор на ATP кој го сочинуват тројца претставници на играчите и тројца претставнции на турнирите. Доколку гласовите се поделени, решава гласот на претставникот на ATP, поранешниот италијански репрезентативец Анде Гуденѕи.
Одлуката на челниците на најреномираниот светски турнир за забрана за настап на руските и на белоруските тенисери и тенисерки наиде на бројни остри осуди во тенискиот свет, како и кај натпреваруувачки и натпреварувачите, така и кај нивните здруженија WTA и ATP, чијшто основен постулат е дека сите имаат еднакво право на настап.
Претседателот на All England Club, Иан Хјуит, ја бранеше одлуката со тезата дека тоа е „најодговорниот можен потег во сегашните околности“.
Доколку тенисерите успеат во својата иницијатива и ATP навистина ги укине бодовите за годинешното издание на Вимблдон, тоа би отворило можност за бојкот од страна на набдобрите тенисери на светот што се нема случено од летото 1973 година. Тогаш речиси сите големи тениски имиња решија да не настапат на Вимблдон поддржувајќи го Никола Пилиќ кого тогашниот Тениски сојуз на Југославија го суспендираше поради спорот околу настапот во Дејвис купот.
Без ATP бодови, Вимблдон всушност би бил само многу богата тениска егзибиција, со награден фонд од 35 милиони фунти, што не е сума за занемарување.
Доколку тенисерите се решат за таков потег, се очекува дека и Женското тениско здружение (WTA) ќе го повлече истиот потег.
Секако, останува можноста Вимблдон да ја промени својата одлука и да ја укине забраната за настап на руските и белоруските натпреварували. Листата за пријави за годинешниот турнир ќе биде заклучена на почетокот од следната седмица, и дотогаш би требало да биде познат расплетот на сегашната ситуација.