Секторот за вонредни ситуации на Србија побарал помош во Војската на Србија за евакуација на педесетина возила кои се завеани во близина на Зрењанин.
Директорот на Секторот, Горан Николиќ вели дека очекува брза реакција од Војската која со своите тенкови би можела да ги разбие снежните наноси бидејќи претпријатијата за одржување на патиштата иако ја ангажирале сета расположлива механизација досега не успеале да се пробијат од некои од завеаните возила.