Тенорот Влатко Груевски со солистички концерт во чест на Тоше Проески

Тенорот Влатко Груевски синоќа го одржа солистичкиот концерт во чест на Тоше Проески во пијано придружба на диригентот и пијанист Андреј Наунов пред преполната летна сцена во Крушево на 116 издание на НКС “Десет Дена Крушевска Република”.

Концертот на оперскиот пејач Груевски се претпоставува дека ќе биде прогласен за најпосетен настан во овогодинешното издание на НКС.

vlatko_gruevski2

Груевски на неговиот инстаграм профил се заблагодари за масовната посетеност и укажа на тоа дека во Крушево сеуште постои публика за уметност која ужива во истата.