Владата на СДС и ДУИ пред две години решија да ги исклучат пумпите на Хидросистемот за спас на Дојранското езеро поради големите сметки за струја, изјави денеска Илија Тентов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дојран.
Прво при носењето на одлуката не се зема во предвид реалната штета што ќе се направи врз системот од неговото нефункционирање, и второ дали при евентуална потреба од негово пуштање во употреба ќе биде возможно?
Еве после две години лошите одлуки на владата придонесоа со нефункционирањето на системот да се намали нивото на водата повеќе од 1.5м и ако оди со ваков интензитет можно е до почетокот и за време на летната сезона езерото да се намали и до 2.5 м во височина со тоа што ќе се промени целата моментална крајбрежна слика.
Хаосот што го направи власта повторно не враќа на лошите спомени од еколошката катастрофа што му се случија на езерото.
Затоа ја прашуваме власта како се грижи за едно од трите природни езера во Македонија ?
Дали Дојран заслужува ваков третман?
Зошто дозволи направен проект од владата на ВМРО-ДПМНЕ да пропадне поради неспособноста да го одржува?
Неспособноста на власта се манифестира и во општините каде има и локална власт!!!
Дојран и Дојранското езеро имаат проблем кој е креиран од неспособноста на власта предводена од СДС и ДУИ.
Никогаш не било полошо.
Време е за промени и да си ја вратиме државата, порача Тентов.