![slovenija Тензично на словенечко- австриската граница, бегалците ја пробија оградата](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/slovenija.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Во словенечкиот транзитен центар во Шентиљ вечерва бегалците ја пробија оградата, а полицијата се обиде да ги задржи.
Меѓу бегалците има голем број жени со деца.
Полицијата успеа да ја смири ситуацијата на словенечко-австриската граница. Во прифатниот центар Шентиљ се наоѓаат 3.500 луѓе, а преминувањето на границата бавно се одвива.
Во текот на денот во Шентиљ имаше физичка пресметка меѓу бегалците.
Според податоци на словенечката полиција Австрија до попладнето прифати околу 7.000 лица.