Тензии за „Монструм“ од соросовите портали на албански јазик

Во голема мерка полугата на Сорос, интернет портали и интелектуалци кои се финансирани од Фондацијата Институт Отворено Општество, на чие чело е лустрираниот соработник на тајните служби Владимир Милчин, потпомага во ширењето на тензии поврзани со протестите околу случајот „Монструм“, во изминативе неколку денови.

Сорос со години инвестира во мрежа на медиуми на Албански јазик, и има големо влијание во публикувањето на вести и јавно мнение на албанската јавна сцена. Тоа се гледа и по текот на парите. Откако се случија протестите, најгласни во ширењето параноја беа албанските „Лајм“ и „Порталб“, финансирани токму од Сорос на Милчин. „Порталб“ е чедо на Сорос, а минатата 2013 година доби 40.977 евра до Фондацијата. На интернет страницата на Институтот отворено општество , во делот на партнери на организацијата, посочен е токму овој портал.

Весникот „Лајм“, пак, за една година има добиено 26.406 евра од Сорос на Милчин.

Од друга страна, тука се вклучени и веќе познатите албански интелектуалци, кои со години живеат од тезгите во Сорос – Ким Мехмети, кој редовно беше присутен на трибините на Гражани за Европска Македонија (ГЕМ), Мерсел Биљали, исто така активен во ГЕМ, Муслиу…

Интересно е што текстовите за протестите за „Монструм“, во голем дел порталите на Сорос на македонски јазик ги преземаа од порталите на Сорос на албански јазик. Поточно кусо време откако порталите на албански јазик ќе објавеа некоја вест за протестите за случајот „Монструм“, таа вест потоа беше реобјавувана на порталите „ПлусИнфо“, „Либертас“, „А1Он“, „НоваТВ“…, а во информациите ниту беше наведуван извор, ниту пак потврден факт, туку само шпекулации и манипулирање на јавноста.

„Порталб“: Доколку протестите бидат сфатени како „Монструм“, ситуацијата може да ескалира-

Муслиу за „Порталб“: Лошото менаџирање на ситуацијата може да предизвика конфликт

Биљали за „Порталб“: Протестите треба да продолжат

„Лајм“:

Македонските затвори наполнети со Албанци!

Осуда која не ја направиле ниту српските судии

Таму каде што судовите се координираат од владата – Слепа правда