Кошаркарскиот репрезентативец на Србија Милош Теодосиќ во следните две години ќе го носи дресот на Лос Анџелес Клиперс, така конечно еден од најдобрите европски кошаркари конечно ќе облече дрес на еден НБА тим.
Теодосиќ последните сезони играше за ЦСКА Москва и со оваа екипа ги освои сите титули на европскиот континент, вклучително и шампионската.
За двегодишниот договор со ЛА Клиперс ќе заработи 12,3 милиони долари.
Со репрезентацијата на Србија има освоено три сребрени медали: еден на Олимписките игри во Рио (2016); еден на Светското првенство во Шпанија (2014) и еден на Европското првенство во Полска (2009).