Теона Митевска ќе режира филм за Мајка Тереза

Агенцијата за филм, вчера на веб страницата ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во прв рок на одлучување.

Единствен финансиран во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество е филмот со наслов „Можна приказна за мајка Тереза“, во режија на Теона Стругар Митевска, која е и сценарист заедно со Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, во продукција на Сестри и брат Митевски.

Горд сум на квалитетната понуда на македонските филмаџии, на сè поцврстите ко-продуцентски соработки, но особено сум горд на жените автори во македонскиот филм, што е повторно потврда и на овој конкурс. Верувам дека режисерката која минатата година нè претставуваше на Венецискиот филмски фестивал и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, ќе даде една своја перспектива на животот на Мајка Тереза“, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Сите останати резултати: