Тепачка меѓу имигранти во Франција, најмалку 24 повредени

Најмалку 24 лица се повредени при масовна тепачка на стотици имигранти во пристанишниот град Кале во северна Франција, објави МИА.

Според локалната полиција, во тепачката, во која биле користени и метални прачки, учествувале меѓу 200 и 300 имигранти по потекло од Судан и Еритреја.

Инцидентот се случил во илегалниот камп наречен „Нова џунгла“, кој се наоѓа во близина на еден центар, кој им дели храна на имигрантите. Во кампот престојуваат меѓу 1.800 и 2.000 имигранти.

Кале е главно собиралиште на имигрантите кои се обидуваат да стигнат до Велика Британија. Според податоците на француската полиција, во „Нова џунгала“ и во неколку слични кампови во Кале се сместени околу 2.500 имигранти, во најголем број од Авганистан, Судан, Еритреја и Сирија