Во СВР Скопје вчера е пријавено дека во 17.20 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар, по претходно недоразбирање, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Р.(30), од една страна и Н.Ќ.(37), С.Ќ.(39), С.Д.(43), М.Д.(33) и С.Р.(24), од друга страна, при што В.З.(24) и С.Т.(25), сите од Скопје, се обиделе да ги раздвојат.
Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.