Вчера во 17.15 часот, во берберски салон лоциран на улицата „Даме Груев“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија, а потоа и со физички напад со остар предмет извршен од Б.Н.(20) врз Д.Д.(24) и Д.Д.(25) од Охрид.
Нивната меѓусебна пресметка била прекината со интервенција на полициските службеници. Нарушителите се приведени и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.