Тепачка во угостителски објект во Центар

На 12.10.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(36) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар, поради претходно недоразбирање и нерасчистени должничко-доверителски односи, бил физички нападнат од Ѓ.Т., кој му упатил и закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.