Тепачката предизвикала поголема штета од сообраќајката – жена е тешко повредена

Тепачка која настанала меѓу возачите кои се судриле денеска во Скопје во 16 часот направила поголема штета од самата сообраќајна несреќа.

Жена на возраст од 36 години се здобила со тешки телесни повреди откако се обидела да ги раздвои возачите. Настрадал и уште еден маж.

„Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „пежо 307“, управувано од Н.Д.(42) од Скопје и мотоцикл, управуван од Х.Б.(50) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Сопатничката од мотоциклот, А.Г.(36) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за кои во службен разговор со полициски службеници изјавила дека ги здобила од физички напад, откако се обидела да ги раздвои возачите кои физички се пресметувале. Исто така, Т.С., кој бил на местото, но не бил учесник во незгодата, пријавил дека бил физички нападнат од Х.Б.. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.