Тепачки во фитнес-клуб во Чаир и во автобус на ЈСП

Во срадата рано утрото околу 4 часот во Полициската станица Чаир, 20-годишниот А.Р. од Скопје пријавил дека два часа претходно часот во фитнес клуб на подрачје на Чаир тој и уште едно лица биле биле физички нападнати со остри предмети

Пријавителот напаѓачите ги идентификувал како А.Б., Р.С. и Р.С., а од полицијата се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходно во вторникот вечерта околу 19.55 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на релација населба Карпош – населба Ѓорче Петров, на подрачје на Карпош, А.С. на 18 години од селото Арнакија, скопско и малолетник од селото Семениште, по претходно недоразбирање, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Сочинет е записник за констартиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.