
На железничката станица во Идомени утринава се степале две групи на бегалци, Курди и Авганистанци. По тепачката запален е и вагон од воз, објави МКД.МК.
Се работи за композиција која грчката железница им го дала на бегалците да го користат за преноќување.
Според првичните информации, голема група бегалци го каменувала возот во кој преспиваат и живејат цели семејства. Засега не се знае колкумина се повредени. По брзата интервенција на грчката полиција, ситуацијата е ставена под контрола.
По завчерашните инциденти кај граничниот камен 59, стигнуваат информации дека грчките полициски сили денеска се поорганизирани и засилени, а наводно имало и дојава за нов можен протест во кампот кај Идомени. Во Грција има информации дека низ кампот се шират гласини и повици за нов масовен протест покрај македонската заштитна ограда.