На грчкиот остров Самос избувнале меѓуетнички судири меѓу групите мигранти во камп за бегалци.
Како што пренесува „Раша Тудеј“ 25 лица се уапсени, а 6 лица се повредени. Конфликтот избувнал меѓу Свганистанци, Сиријци и Пакистанци.
Во кампо т во моментов има околу 1.100 бегалци, меѓу кои и семејства со деца.
Тепачката избувнала помеѓу спротивставените етнички групи, а две бараки биле зафатени во пожар.
Инаку ова е втор ваков инцидент во два дена. Еден претходно имаше тепачка на островот Лезбос, каде три лица беа пренесени во болница, 70 повредени и 300 останаа без засолниште откако беа запалени шаторите.