Вчера околу 4 часот по полноќ, во Охрид на булевар Туристичка се случила тепачка.
Имено, В.М.(1992) од с.Порој–Тетово кој бил заедно со Е.К.(1993) и М.К.(1994) од с.Радолишта–Струга, се превезувале со возило „бмв“, во правец кон Струга, и биле пресретнати од возило „пежо 306“ од кое излегле неколку лица и почнале да удираат со нозете по возилото, по што си заминале.
По настанот, нападнатите продолжиле кон Струга, каде на клучката на излезот од Охрид биле пресретнати и сопрени од истото возило од кое излегле шест непознати лица на возраст од 18-25 години и повторно почнале да удираат со нозете по возилото, ги отвориле вратите и физички ги нападнале удирајќи ги со раце и нозе, а едно од лицата извадило нож и го пресекол В.М. во пределот на левата страна на половината, по што напаѓачите избегале.
На повредените во оваа тепачка им е укажана лекарска помош во медицинскиот центар Струга, од каде настанот е пријавен во полициската страница Струга.
СВР-Охрид презема мерки за целосно расчистување.