Тер Штеген опериран, се враќа на терените во февруари

Германскиот голман на каталонскиот фудбалски гиган Барселона, Марк-Андре Тер Штеген беше успешно опериран во Стразбур од страна на еден од водечките специјалисти за повреди на грбот.

Се очекува заздравувањето на Тер Штеген да трае околу два месеца, по што тој ќе продолжи со тренинзите. Најверојатно германскиот интернационалец ќе биде подготвен за настап на крајот на јануари.

Пред да дојде во Каталонија, Тер Штеген го бранеше голот на Борусија Менхенгладбах.