Терор во Франција: Радикален исламист кој се заканувал со нож уапсен во центарот на Лион

Во уште еден инцидент во четвртокот кој се припишува на исламскиот радикализам во Франција, уапсен е маж кој се заканувал со нож во центарот на Лион во близина на станицата Пераше, извести регионалниот дневен весник Le Progrès.

Според информациите, уапсениот 26-годишен маж од претходно има бил познат на безбедносните органи и разузнавачките служби во врска со екстремната исламистичка сцена во Франција. Тој бил облечен во џелаба (исмалсма машка облека) и воена јакна и мафтал со нож со сечиво долго треисетина сантиметри.

По неколку повици до полицијата од страна на минувачите, полицијата пристигнала на местото на настанот и го уапсила лицето. Според информациите, станува збор за авганистански државјанин роден 1994 година, познат на разузнавачките служби по радикален исламизам и со чие апсење очигледно избегнало нова трагедија.

Пјер Оливер, градоначалник на вториот арондисман во Лион, на Twitter ѝ се заблагодари на полицијата за интервенцијата што „помогна да се избегне нова трагедија“.

Во Франција претходно во четвртокот беа убиени три лица во терористички напад во базиликата Нотр Дам во центарот на Ница, од кои едното беше обезглавено, додека во друг инцидент полицијата уби вооружен напаѓач кој со нож им се заканувал на минувачите во место близу Авињон. Исто така, во Саудиска Арабија беше избоден припадник на обезбедувањето на францускиот конзулат во Џеда.