Терористичка организација киднапирала тројца млади Израелци пред 48 часа, изјавил синоќа израелскиот премиер Бенџамин Нетањаху, кој за овој настан го смета за одговорен претседателот Махмуд Абас.
Младите момчиња исчезнале во четвртокот навечер додека стопирале автомобили во насока кон Ерусалим, а се наоѓале во близина на палестинските градови Витлеем и Хеброн.