Бомбаш самоубиец активираше експлозивна направа пред седиштето на Министерството за внатрешни работи во турската престолнина Анкара, соопштија локалните власти.
Според властите, експлозијата во неделата наутро била обид за терористички напад. Во инцидентот учествувале двајца сторители, од кои едниот се разнел, додека другиот бил неутрализиран од безбедносните сили, додаваат од МВР.
Двајца полицајци се повредени во судирот, соопштија официјални лица.
Нападот се случи на денот кога турскиот парламент требаше повторно да се состане по летниот одмор.
Во ноември минатата година, експлозија потресе прометна пешачка област во центарот на најголемиот град во Турција, Истанбул. Во експлозијата загинаа осум лица, меѓу кои две деца, а 80 се повредени. Турските власти ја обвинија за нападот забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) и сириската курдска милиција ЈПГ. ПКК негираше каква било вмешаност.
BREAKING — An explosion and gun fire heard in Turkey’s capital Ankara around 9am in the morning, near the parliament and the ministries
Turkish Parliament opens today after summer recess
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) October 1, 2023