Осомничениот извршител на експлозијата во такси возило пред болницата за женски болести во Ливерпул, го подготвувал нападот „најмалку“ седум месеци, наведе во средата британската полиција.
Противтерористичките служби го истражуваат минатото на загинатиот во екслозијата 32-годишниот Имад ал-Свилмин, барател на азил кој преминал во христијанство и го сменил името во Енцо Алмени.
Постојат сомнавања дека времето на нападот намерно го избрал малку пред 11 часот кога со минута молчење во Велика Британија се одбележува споменот на загинатите војници во сите војни.
Антитеростичката полиција наведва дека ал-Свилмин првично живеел во улицата Сатклиф а во април годинава изнајмил стан на авенијата Ретленд во Ливерпул од каде почнал да купува делови за експлозивна направа која ја внесол во такси возилото.
Медиумите известуваат дека иследниците се обидуваат да утврдат дали бомбата во Ливепрул содржел TATP, експлозив од домашно производство кој е користен во терористичкиот напад во коцертната стала во Манчестер во 2017 година.
Полицијата смета дека станува за терористички напад, но според британските медиуми засега не е утврден никаков идеолошки мотив за нападот.
Иако не е објавен никаков нов елемент поврзан со мотив за нападот, напредува полициската истрага околу утврдување на профилот на напаѓачот кој медиумите досега го претставуваат како барател на азил од Блискиот исток. Според нив, Имад ал-Свилмин дошол во Велика Британија во 2014 година и тогаш му била одбиена молбата за азил, по што од услам се преобратил во христијанството. Според медиумите, некои од барателите на азил сметаат дека со менувањето на верата побрзо ќе добијат азил.