Терористички напад во Лондон: Шестмина убиени, над 50 лица повредени

Шест луѓе се убиени, а најмалку 50 повредни во терористички напад синоќа, во центарот на Лондон, во близина на Бороу маркет во градот кој важи за популарно место за ноќни излегувања.

Тројцата напаѓачи кои го извршиле нападот се убиени од полицијата. Егзекутерите напаѓале со големи ножеви, долги и по триесет сантиметри, секој што ќе им се нашол на патот.

Напаѓачите буквално ги колеле луѓето, а меѓу загинатите имало и полицаец. Лондонската полиција настанот го опиша како терористички чин.

Освен со ножеви, напад имало и на Лондонскиот мост, кој се наоѓа во близина. Нападот кај мостот бил извршен со комбе, кое намерно влетало во група пешаци кои се наоѓале во близина на мостот.

2

3

Специјалната полиција се појавила десетина минути откако бил извршен нападот. Набргу после појавата на вооружените полицајци дошло и до интензивни вооружени пресметки, кажуваат сведоци кои биле во близина на нападот.

Информации дали во престрелката се ликвидирани тие што го вршеле нападот, засега нема. Тоа што се знае е дека имало сериозна борба, во која полицијата употребила автоматско оружје за да ги совлада напаѓачите.