ВИДЕО: Терористички напад во Лондон, маж со мачета рани три лица

Маж, вооружен со мачета, рани три лица во лондонското метро синоќа, пренесе МИА повикувајчи се на британски „Телеграф“. Според изданието, инцидентот се случил на станица Лејтонстоун. Лондонската полиција го уапси напаѓачот.

Според сведоците,  пред нападот тој извикал: „Еве ви за Сирија!”

Велика Британија се вклучи во воздушните напади против Исламската држава во Сирија пред три дена. Според податоците на локалните медиуми, во синоќешниот напад еден човек е сериозно повреден, но неговиот живот не е во опасност, а други двајца добиле лесни повреди.

ТАСС соопшти дека лондонската полиција инцидентот го истражува како терористички акт.

Го разгледуваме како терористички акт, изјавил по телефон за дописникот на ТАСС претставник на Скотланд Јард.