Идентификуван како Кујтим Фејзулаи, атентаторот од Виена чиј идентитет го потврди австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер, другите осомничени се од Косово, Бангладеш, Чеченија и австриските локалитети Ст.Пелтен и Медлинг објави порталот Хеуте.
Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека атентаторот убиен од полицијата во Виена има 20 години и има потекло од Македонија.
Кујтим Фејзулаи, кон средината на јули заминал во Словачка за да набави калашников. Таму отишол со автомобил кој е во сопственост на мајка на еден од осомничените.
Досега, според министерот, извршени се 15 рации и уапсени се неколку лица. Атентаторот имал австриско и македонско државјанство. Атентаторот, според властите, несомнено бил приврзаник на Исламската држава.
Фејзулаи беше осуден на 22 месеци затвор, на 25 април 2019 година, за обид да замине во Сирија и да се приклучи на Исламската држава. На 5 декември, тој беше ослободен предвремено бидејќи бил осуден како постар малолетник.