Новата сезона во англискиот фудбалски шампионат започна во петокот со тешка домашна победа на Манчестер Јунајтед од 1:0 (0:0) против Фулам на „Олд Трафорд“.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше новиот напаѓач на „Црвените ѓаволи“, холандскиот интернационалец Џошуа Зиркзе во 87. минута, кога со одличен удар во корнер го мина центаршутот на Гарнах.
Во сабота се закажани дуелите Ипсвич Таун – Ливерпул, Арсенал – Вулверхемптон Вандерерс, Евертон – Брајтон и Хов Албион, Њукасл Јунајтед – Саутемптон, Нотингем Форест – Бурнемаут и Вест Хем Јунајтед – Астон Вила, во недела Брентфорд – Кристал Палас и Челзи – Манчестер Сити , додека Лестер Сити – Тотенхем Хотспур ќе го завршат колото во понеделник.