Тешка кражба во Штип, приведен жител на Кочани

На 19.07.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Џ.А.(40) од Кочани, бидејќи околу 02.40 часот бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“, односно додека се обидувал со употреба на сила и алат да влезе во продажен објект на ул.„Енгелсова“ во Штип.

По целосно документирање на случајот, против Џ.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.