Од стан во Скопје викендов бил украден златен накит во вреден 100.000 денари.
Како што информираат од МВР, кражбата се случила во периодот од 05. до 08.06.2015 година. Непознат сторител со насилно отворање на прозорецот влегол во станот сопственост на Е.Г.(34) од Скопје и одзел златен накит по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од 100.000 денари.
Се работи на целосно расчистување на случајот.