Франкфуртски Ајнтрахт на домашен терен минимално со 1:0 го совлада дебитантот во Бундеслигата Дармштад, додека Унион беше убедлив со 4:1 во Берлин со Мајнц.
Тешко извојуваната премиерна победа на почетокот на првенството ја донесе Французинот Коло Муани во 41 минута.
Унион Берлин го совлада Мајнц со трите погодока на Кевин ехренс кој беше прецизен во првата, деветтата и 70 минута, а четвртиот погодок го постигна српскиот интернационалец Милош Пантовиќ во шестата минута од судиското продолжение.
Единствениот погодок за Мајнц го постигна Французинот Ентони Саси во 64 минута, но гостите не реализираа два удари од белата точка. И во двата случаи шутираше Французинот Лудови Ажорке, во 63 и 88 минута.